Дизелот скокна за 5,5 денари, бензините за 1,5 денар нова тура поскапувања на горивата. Одлуката ја донесе Регулаторна комисија за енергетика. Најголем скок има кај дизелот, кој ќе биде поскап за 5,5 денари и ќе се продава по 88 денари за литар.
Возачите од утре ќе плаќаат поскапо гориво. Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати, кои ќе стапат на сила од ноќеска на полноќ. Најголемо поскапување има кај дизелот.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се зголемува за 5,50 денари, а на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 зголемуваат за 1,50 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,59% во однос на одлуката од 06.07.2025 година.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 06.07.2026 година и со тоа ...