Ако пиете кафе само наутро, можете да го намалите ризикот од кардиоваскуларни заболувања, покажаа истражувањата. Шолја кафе испиена наутро може дури и да го продолжи животот. До вакви изненадувачки заклучоци дојдоа американски научници од Универзитетот Тулан.
Времето во кое ја пиете шолјата кафе можеби е подеднакво важно како и количината што ја консумирате. Ново истражување на американски научници покажува дека кафето испиено во утринските часови може да биде поврзано со помал ризик од кардиоваскуларни заболувања и предвремена смрт.
Утринската рутина за долговечност започнува со чаша вода покрај креветот. Седум мали нешта одлучуваат како ќе се чувствувате во текот на целиот ден, пробајте ја денес. Првиот половина час по будењето одлучува каков ден ќе имате, а можеби и колку долго ќе живеете.