Актуелната пратеничка од Левица и кандидат за Градоначалник на Струга, Јована Мојсоска, обвини дека власта води црна кампања против Левица, токму затоа што, како што вели, Левица бележи раст и сѐ поголема поддршка од граѓаните.
Во време кога политичките калкулации и коалициските интереси ја гушат вистинската демократија, Левица останува доследна на својот принцип, а тоа е самостоен настап и чесна борба за секој глас.
Соопштение за јавност на Левица: „Енергијата е очигледна. Луѓе, одиме во втор круг! Таму ќе разговараме за многу нешта затоа што во првиот круг противкандидатите ќе бегаат од дебати. Но, во втор круг нема каде да избегаат и ќе се сретнеме конечно.