И ноќеска продолжува борбата со огнената стихија во селото Лозани, во Могила. Со паѓањето на мракот се отежнува гасењето, бидејќи е невозможно да се дејствува од воздух. Денеска огнот се доближи до куќите во селото, но опасноста да ги зафати беше надмината.
Огнот се спушти до првите куќи во село Лозани, во Могила, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.