До крајот на месецов ќе биде завршена процедурата околу новиот ребаланс на Буџетот, втор годинава, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски. „Се намалуваат и расходите и приходите бидејќи кај приходната страна имаме помалку 7-8 милијарди денари.
Горивата го реметат буџетот. Намалените ДДВ и акцизи ја принудија Владата да подготвува нов ребаланс, само три месеци по претходниот. Премиерот Христијан Мицкоски ја проценува цената на мерките која ја плаќа државата на над 100 милиони евра.
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека следната недела се очекува ново поевтинување на бензинот и дизелот , а Владата паралелно преговара со „Окта“ за дополнителен попуст. Конечната цена, сепак, допрва треба да ја утврди Регулаторната комисија за енергетика.