Органодарителството е највисокиот чин на човечност. Тоа е одлука со која во моменти на најголема тага и загуба избирате да бидете нечиј спасител и да подарите живот токму онаму каде што надежта згаснала, вели претседателката на Здружението за ретки болести „Ретко е да си редок“ ...
Претседателката на здружението за ретки болести „Ретко е да си редок“, Гордана Лолеска, преку видео обраќање упати силен апел до граѓаните да ја поддржат националната кампања за органодарителство, порачувајќи дека едно „да“ може да значи нова шанса за живот.
Претседателката на Здружението за ретки болести Гордана Лолеска дел од кампањата на Министерството за здравство за подигнување на свеста за органодарителството во Македонија.