„Македонија забрзано инфраструктурно се гради и се развива. Нема дел од државата каде не се инвестира и не се гради некој капитален инфраструктурен проект. Со засилено темпо се реализира поставената цел и визија, Македонија да стане клучна сообраќајна крстосница во балканскиот ...
Со посветена работа од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се остварува стратешката визија Македонија да стане клучна транспортна крстосница на Балканот, истакна денеска Иванов. Според него, во моментов се случува голем инвестициски бран во патната инфраструктура низ целата држава.
Автопатот Скопје – Блаце конечно влегува во клучната фаза на изведба откако денеска беше потпишан договорот за инвестициски грант со кој и дефинитивно се затвора комплетната финансиска конструкција за негова реализација.