Во гаснењето на пожарот, според ЦУК, биле ангажирани 15 пожарникари и шест возила на скопската Противпожарна бригада, а интервеницијата траела повеќе од три часа Засега нема информации околу можните причини за пожарот, односно што го предизвикало огнот.
Неофицијално, според информациите до кои дојдовме, постојат сомневања дека пожарот бил подметнат, но оваа информација сè уште не е потврдена од надлежните институции.
Пожарникари интервенирале при пожар што избувнал во трговски дуќан на улицата „Индира“ во Шуто Оризари, информираат од Центарот за управување со кризи. Според информациите од Центарот за управување со кризи, интервенцијата траела од 03:31 до 06:45 часот.
Пожарот кој синоќа избувнал во Шуто Оризари, зафаќајќи неколку дуќани сместени во монтажен објект, бил затрашувачки, но пожарникарите успеале навреме да го локализираат, односно пред да се рашири на околните објекти.