Нови поскапувања, плати што не ги следат трошоците и одбиени мерки за помош на граѓаните. Опозицискиот СДСМ со нови обвинувања кон власта. Според партијата, најавените покачувања на струјата и парното дополнително ќе ги оптоварат семејните буџети.
СДСМ предупредува на нов бран поскапувања во Македонија и ја обвинува Владата на премиерот Христијан Мицкоски дека не презема мерки за заштита на животниот стандард, зголемување на платите и финансиска помош за граѓаните.
Од почетокот на годината трошоците за живот се зголемени за 4.000 денари. Октомвриската синдикална минимална кошничка надминува 70.000 денари, а со кирија достигнува речиси 90.000 денари. Ниту три минимални плати не ги покриваат основните трошоци на едно семејство, се вели во ...