Точниот процент за септемвриското усогласување на пензиите сè уште не е утврден, а конечната пресметка ќе биде позната на почетокот на следната недела, откако ќе бидат достапни последните статистички параметри за август.
Износот на порастот на пензиите ќе се знае на почетокот на септември, а според сите параметри и сознанија ќе биде 3 до 3,5 проценти, вели министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски. – Се чека да заврши август и веќе следната недела ќе ги имаме ...
Mинистерот Велковски вели дека зголемувањето ќе биде дел од септемвриската пензија, која се исплаќа на 1 октомври. Тој најави дека конечниот процент ќе биде утврден по добивањето на последните параметри за август.
Првиот ден од септември го очекуваат сите пензионери – не само оние кои сè уште ги немаат добиено августовските пензии. По четирите линеарни зголемувања, од септември се враќа старото правило: пензиите повторно ќе растат процентуално, според движењето на платите и трошоците на ...