Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари – септември 2026 година, изнесува 408.167.8 милиони денари и бележи пораст од 10.83% во однос на истиот период од претходната година, соопштија од Државниот завод за статистика.
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека податоците на Државниот завод за статистика за трговската размена во септември годинава покажуваат историски најголема разлика во растот на извозот и увозот во корист на извозот.
Извозот на стоки од земјата во периодот јануари – септември 2026 година достигнал 6,62 милијарди евра и бележи раст од 10,8 проценти во споредба со истиот период лани. Истовремено, увозот изнесувал 9,18 милијарди евра, што претставува зголемување од 7,9 проценти, покажуваат ...