TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

По објавата на 4news.mk исчезна профилот на кој малолетници објавуваа снимки од уништување на имот низ Скопје

4NEWS - пред: 5 часа

Профилот „zycx_urbex“ на социјалната мрежа Инстаграм, на кој беа објавувани видеа од малолетници како упаѓаат во туѓи објекти, кршат катанци и се качуваат по згради, повеќе не е достапен. Профилот исчезна откако редакцијата на 4news.mk го пријави случајот до Министерството за ...

Опасен тренд се шири на Инстаграм: Деца од Скопје упаѓаат во објекти и се качуваат на ризични височини

24Инфо - пред: 8 часа

Опасен тренд на социјалните мрежи предизвикува загриженост откако на Инстаграм се појавија видеоснимки на кои се гледаат малолетници како влегуваат во туѓи и необезбедени објекти, кршат катанци и се искачуваат на згради и други високи и ризични места.

СНИМААТ СÈ ЗА ИНСТАГРАМ: Млади во Скопје ризикуваат животи, МВР почнува постапка

ПРВ.мк - пред: 6 часа

Опасни видеоснимки објавени на Инстаграм предизвикаа загриженост откако на нив се гледаат млади лица како влегуваат во туѓи и необезбедени објекти и се искачуваат на високи и ризични конструкции низ Скопје. Содржините се објавуваат на Инстаграм-профилот „zycx_urbex“, посветен на ...

Малолетници преку Инстаграм се фалат со уништување имот и упади во туѓи објекти низ Скопје

4NEWS - пред: 10 часа

Опасно и незаконско однесување на малолетници се шири на социјалната мрежа Инстаграм, каде преку профил наменет за т.н. урбано истражување се објавуваат видео содржини од упади во туѓи објекти, кршење катанци и качување по згради.