Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Соединетите Американски Држави во моментов не му дозволуваат на Израел да ја гаѓа иранската енергетска инфраструктура поради стравувања од последици врз глобалната економија и пазарот на енергенси.
Иран не брза да се врати на преговарачката маса со САД, иако Вашингтон тврди дека дипломатските контакти продолжуваат и предупредува дека воените напади би можеле да бидат обновени. Техеран јавно соопшти дека не побарал продолжување на формалните разговори, додека контактите ...
За време на речиси 40-дневната операција „Епски гнев“ и нападите што уследија, САД потрошиле огромни количества скапо оружје. Според американската влада, досегашните трошоци од војната достигнале 37,5 милијарди долари, при што најголемиот дел отпаѓа на ракети и на друга муниција.
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека САД водат „добри разговори“ со Иран и оти постои можност за договор. – Водиме добри разговори. Мислам дека има голема шанса нешто да се случи, а ако се случи, добро.