TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ЕВРОЗОНАТА СО ЗГОЛЕМЕН ЈАВЕН ДОЛГ, уделот на јавниот долг се зголеми во 18 земји-членки на ЕУ, а се намали во девет

Економија и Бизнис - пред: 8 часа

Јавниот долг во еврозоната се искачи на 88,8 проценти од бруто домашниот производ (БДП) на крајот од вториот квартал од 2026 година, од 88,4 проценти на крајот од првиот квартал, додека во Европската Унија се зголеми од 82,5 на 82,9 проценти, објави денес Евростат.

Кои две земји се пред Франција и имаат висок јавен долг во однос на БДП?

Фактор - пред: 6 часа

Грција имаше највисок сооднос на јавниот долг со БДП меѓу членките на Европската Унија на крајот од вториот квартал од 2026 година, 140,8 проценти, пред Италија со 139,9 проценти, Франција 119,1 процент, Белгија 110,2 проценти и Шпанија со 101,4 проценти.