Летото е период кога мора многу да внимаваме на кожата и косата и да се грижиме за нив малку повеќе од вообичаено. Покрај тоа што треба да ги заштитиме надворешно, секогаш прво мора да се погрижиме за внатрешното здравје за грижата да биде комплетна.
Еве како убавата боја да ја одржите подолго време. Јадете храна богата со бета-каротин, како што се моркови и диња или земајте капсули со витамин Б, кои не само што ќе ја задржат бојата на вашиот тен, туку имаат и ефект против стареење.