TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Полска го забрани капењето на Балтичкото Море поради присуство на бактеријата ешерихија коли

Бриф - 02.08.2026

Полска го забрани капењето во седум одморалишта на Балтичкото Море поради присуство на бактеријата ешерихија коли. Пет од овие крајбрежни одморалишта се наоѓаат во Дарлово, а две во Гдањск, пренесува денеска полското радио „Зет“.

Не е само во Црна Гора. УШТЕ ЕДНА ПЛАЖА ВО ХРВАТСКА ЗАГАДЕНА СО ФЕКАЛИИ

Вечер - 02.08.2026

На плажата Билин жал во Лумбарда на островот Корчула е забележано краткотрајно фекално загадување на морето поради зголемена концентрација на бактеријата Ешерихија коли, поради што засега не се препорачува пливање, предупреди Дубровничко-неретванската жупанија.

Предупредување ако летувате во Хрватска: фекално загадување на морето на позната плажа на Корчула – откриена ешерихија коли

Слободен Печат - 02.08.2026

Краткотрајно фекално загадување на морето поради зголемена концентрација на бактеријата ешерихија коли е регистрирано на плажата Билин Жал во селото Лумбарда, на островот Корчула во Хрватска, објави хрватски „Индекс“ .

Загадување на водата во ек на сезона: Ешерихија коли во морето во близина на Корчула, не се препорачува капење

Вечер Прес - 02.08.2026

На плажата Билин Жал во Лумбарда на островот Корчула е забележано краткорочно фекално загадување на морето поради зголемена концентрација на бактерии Ешерихија коли, поради што пливањето не се препорачува до понатамошно известување.

Ешерихија коли откриена во морето кај Корчула: Властите предупредуваат да не се капе на оваа плажа

Бизнис Вести - 02.08.2026

Во екот на туристичката сезона, на плажата Билин Жал во Лумбарда на хрватскиот остров Корчула е регистрирано краткотрајно фекално загадување на морската вода, поради зголемено присуство на бактеријата Ешерихија коли, соопштија здравствените власти.