Почина Џејмс Бароус, легендарниот телевизиски режисер и коавтор на „Кафулето ‘На здравје’“, кој работеше на „Вил и Грејс“, „Пријатели“ и „Фрејзер“. Коавторот на „Кафулето ‘На здравје’“ и режисер на „Вил и Грејс“, „Пријатели“ и „Фрејзер“ почина на 85 години.
Прочуениот американски телевизиски режисер Џејмс Џими Бароус почина на 85 години. Тој е коавтор на хит-серијата „Кафулето ‘На здравје’“ (каде режираше 243 епизоди), а ги потпиша и сите 246 епизоди на „Вил и Грејс“.
Џејмс Бароуз, еден од највлијателните и најплодните телевизиски режисери и продуценти на сите времиња, почина на 85-годишна возраст. Веста за неговата смрт ја потврди неговиот адвокат Том Хоберман , соопштувајќи дека славниот творец заминал мирно.