Економистот Марјан Димитриев ја критикуваше владината економска политика, оценувајќи дека фокусот е ставен на промоција на странски инвестиции, додека се занемаруваат проблемите со заминување на компании и затворање на погони.
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, реагираше по најавеното заминување на странски инвеститор и отпуштањето на околу 100 квалификувани работници, оценувајќи дека моделот на привлекување странски директни инвестиции преку индустриските зони е неуспешен.