Сезоната на Лав пристигнува на 22 јули и носи период на самодоверба, креативност и нови можности. Сезоната на Лав започнува на 22 јули, кога Сонцето влегува во овој огнен знак, и трае до 22 август, кога се движи во Девица.
Сонцето, планетата на виталноста, влегува во Лав на 22 јули, најавувајќи го почетокот на сезоната на овој огнен знак. Сонцето ќе остане во Лав до 23 август и ќе има силно влијание врз Лавовите, Стрелците, Овните, Вагите и Близнаците.
Во периодот кога Сонцето е во Лав , енергијата станува посилна, потопла и фокусирана на изразување на личноста. Ова е време кога многумина ќе почувствуваат поголема потреба да блеснат, да ги покажат своите таленти и да го заземат местото што сметаат дека го заслужуваат.
Сезоната на Лав носи силна, огнена енергија што поттикнува самодоверба, креативност и желба да блеснете во полн сјај. Лавот е управуван од Сонцето, па затоа во текот на неговата сезона акцентот е ставен на личниот успех, харизмата, љубовта, забавата и потребата да ја изразиме ...