TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Јунајтед е многу поопасен со него — Шешко покажа зошто мора да биде стартер

Слободен Печат - 11.09.2026

Бенјамин Шешко конечно доби шанса од првата минута и веднаш ја оправда довербата на Мајкл Керик. Словенецот постигна гол против Сабах Баку, но уште поважно, со својата физичка сила, брзина и движење покажа зошто Манчестер јунајтед изгледа многу поопасно кога тој е најистурен во ...

Керик: Победата во Лигата на шампионите е охрабрувачка

Sport M - 11.09.2026

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Керик, на прес-конференцијата по победата од 4-0 против Сабах, во првиот натпревар на Лигата на шампионите за оваа сезона, изјави дека 3-те поени беа единствениот резултат кој го посакуваа на овој дебитански натпревар.

Мајкл Карик задоволен по победата: „Секогаш е убаво кога ќе ја сочувате мрежата и ќе победите“

Спортманија - 11.09.2026

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Мајкл Карик, беше задоволен од убедливата победа од 4:0 над Сабах на стартот на Лигата на шампионите. Карик го пофали тимот за одличната игра и чистата мрежа, но истакна дека натпреварот не бил толку лесен како што покажува конечниот резултат.

(Видео) Манчестер Јунајтед приреди шоу на враќањето во ЛШ: Покер против Сабах како загревање за градското дерби

SportStation - 10.09.2026

По пауза од точно 1.003 дена, препознатливата химна на Лигата на шампионите повторно одекна на „Олд Трафорд“. Манчестер Јунајтед на најдобар можен начин го одбележа своето враќање во европската елита, совладувајќи го азербејџанскиот шампион Сабах со убедливи 4-0.

Манчестер јунајтед го прегази Сабах Баку и со стил се врати во Лигата на шампионите

Слободен Печат - 10.09.2026

Манчестер јунајтед доминантно ја отвори сезоната во Лигата на шампионите и на домашен терен го победи дебитантот Сабах Баку со 4-0. „Црвените ѓаволи“ уште од стартот го контролираа натпреварот и во првото полувреме практично го решија натпреварот.

Манчестер јунајтед тргнува со големи амбиции во Лигата на шампионите

Слободен Печат - 10.09.2026

Денеска фудбалерите на Манчестер Јунајтед се враќаат во Лигата на шампионите. Играчите на Мајкл Карик се домаќини на Сабах од Азербејџан во нивниот прв натпревар од 21.00 часот од лигашката фаза и одат по убедлив старт во најсилното европско клупско натпреварување на стариот ...

Карик: Направивме многу добри нешта против Сабах

МакФудбал - 11.09.2026

Манчестер Јунајтед со стил ја отвори новата сезона во Лигата на шампионите. Англискиот гигант славеше со убедливи 4-0 против Сабах, а менаџерот Мајкл Карик по натпреварот не го криеше задоволството од изданието на својот тим.