Прес-конференција на СДСМ, Кети Штерјова Поминаа повеќе од пет недели од здравствената катастрофа во Гостивар а досега нема никој одговорен од власта. Цел град отруен од загадена вода, 5.000 граѓани завршија во болница, а одговорност сè уште нема.
Премиерот Христијан Мицкоски порача дека одговорноста за функционирањето на водоснабдителниот систем во Гостивар е во надлежност на локалното јавно претпријатие, додека институциите на централната власт, според него, презеле низа мерки за надминување на кризата со водата.
Во Гостивар вчера видовме слика што ќе остане запаметена. Политичари и функционери држат здравица, пијат вода пред камери, велат „на здравје“ и дека е „многу вкусна“. А цел месец граѓаните пиеја вода загадена со фекалии.
Најмалку двапати ја прогласиле загадената вода во Гостивар за безбедна – еден месец подоцна никој од здравствениот синџир не е ни разрешен, велат од Левица. „На 29 јуни од Центарот за јавно здравје Тетово, со потпис на потпис на Берун Мустафа, излегува стручно мислење дека ...