Сезоната на Вагата трае до 23 октомври и носи поинаква енергија по практичниот и понапорен период на Девица. Фокусот се префрла на врските, парите, личните вредности и општествениот живот, а за четири хороскопски знаци овој период може да биде особено поволен.
За Стрелците следува период исполнет со движење, промени и желба конечно да направат нешто што долго го одложувале. Ќе почувствувате дека повеќе немате трпение за ситуации што ве држат во место, а токму тоа може да ве поттикне да донесете важна одлука.
По периодот во кој парите побрзо се оддалечуваа отколку што влегуваа, октомври би можел да донесе малку попријатно изненадување за некои. Според астролошките толкувања, Бикот и Јарецот би можеле да почувствуваат финансиско олеснување до крајот на месецот, без разлика дали преку ...