40 рочишта за пожарот во „Пулс“ без поместување... Истрага со месеци без обвинение... Првообвинетиот Дејан Јовановски – Деко пред излегување од притвор... Го заглави ли гломазното обвинение предметот за пожарот во кој загинаа 63 млади лица?
Газдата на кочанската дискотека „Пулс“, Дејан Јованов, ќе понуди обемна гаранција со недвижен имот доколку му биде овозможено да се брани од слобода. Неговата адвокатка тврди дека Јованов нема да избега и дека ќе биде достапен за органите на правдата во текот на постапката.