Премиерот на канадската провинција Онтарио, Даг Форд, ги оцени како „апсолутно неприфатливи“ критиките на американскиот претседател, Доналд Трамп, дека Канада е одговорна за чадот од шумските пожари што се прошири над голем дел од САД.
Метеоролозите сепак очекуваат дека најавениот студен фронт во наредните денови ќе придонесе за постепено подобрување на квалитетот на воздухот, кој со денови е нарушен поради чадот од големите шумски пожари што беснеат во североисточна Канада.
Веќе неколку дена, чад од шумските пожари во Канада и во северниот дел на САД се шири сè до Њујорк и Чикаго. Поради ова, Трамп се заканува со зголемување на царините за својот сосед. Американскиот претседател ја обвини Канада за загадувањето на воздухот предизвикано од шумските ...