Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) денеска соопшти дека раководството на ФИФА ја изгубило нејзината доверба откако претседателот на светската фудбалска организација, Џани Инфантино, беше принуден да се откаже од планот за предавање на приходите од Светското првенство на ...
ФИФА планираше да собере до 4,2 милијарди долари со продажба на 20 проценти од акциите во новата компанија што ќе управува со нејзините натпреварувања, вклучувајќи го и Светското првенство. Предлогот, првпат презентиран во вторник, веднаш наиде на жесток отпор.
Европската фудбалска федерација УЕФА претходно соопшти дека сите нејзини членки 55 се подготвени за бојкот на Светското првенство, а против се изјаснија и конфедерациите на Северна и Централна Америка и Кариби (КОНКАКАФ) и Азиската (АФЦ).
Скопје1 - Sport M - TopSport - Независен - Рацин - Независен
Азиската фудбалска конфедерација (АФЦ) денеска соопшти дека е против предложената продажба на натпреварувањата на ФИФА на приватни инвеститори, иницирана од Џани Инфантино, нагласувајќи дека таков предлог бара широк консензус и единство.
Цирих – Карлос Кордеиро, главен советник на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, поднесе оставка од својата позиција поради планот за продажба на акции на Светското првенство. Тој верува дека таков потег би бил штетен за фудбалот, пишува Скај њуз.
Фудбалската федерација на Македонија го поддржува ставот на УЕФА околу котроверзниот план на ФИФА за продажба на дел од комерцијалните права за Светското првенство. – Едногласно и недвосмислено го отфрламе предлогот на ФИФА за пренесување на сопственички удели во Светското ...