Руските и украинските сили во текот на ноќта извршија нова серија масовни воздушни напади, при што има жртви и повредени во Киев, додека Москва тврди дека кон рускиот главен град биле насочени стотици украински беспилотни летала.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, објави дека руските сили извршиле ракетен напад предизвикувајќи пожари во најмалку два квартови на украинскиот главен град. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, пак, објави дека околу 600 украински дронови биле лансирани кон ...
Најмалку три лица загинале во новите руски напади врз Украина, меѓу кои 29-годишна жена и нејзиниот деветгодишен син, додека украинските сили истовремено продолжиле со напади врз инфраструктурни цели во Русија.