Во говорот на платото пред Владата пред истакнати претставници на власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и Знам, премиерот Христијан Мицкоски на 35-годишнината од независноста на Македонија денеска рече дека имаат обврска овој јубилеј да не го претворат во празно ...
„На прославата за 35 години независна Македонија, Мицкоски побара „да не се делиме“, па веднаш се закани дека ќе „расчистува со талогот“ и седна до државниот обвинител Ненад Савески. Исто како менторот Вучиќ. Повторно копи-пејст. Прво навредување, а потоа повик на единство.
Претседателот на Собранието Африм Гаши и републичкиот јавен обвинител Ненад Савески беа меѓу оние кои седеа во првиот ред, веднаш до премиерот Христијан Мицкоски, на денешната централна свеченост по повод 35 години независност.
Верувајте во нашата татковина. Не затоа што е совршена. Туку затоа што е наша и затоа што можеме да ја направиме подобра. Не затоа што немаме проблеми. Туку затоа што имаме сила да ги решиме. Не затоа што историјата ни ветила победа.