Во моментов кај Ботун се решава најтешкиот предизвик на автопатот Охрид – Кичево. Имено, како што информираше вицепремиерот и министер за транспорт, , со специјални машини кои тежат по 130 тони се влегува во земјата по 20 до 28 метри (што одговара на висината на зграда од седум ...
Арматурни кафези тешки околу 30 тони, бетонски противлизгачки конструкции што навлегуваат и до 28 метри под земјата и специјална механизација од над 100 тони се дел од инженерското решение со кое треба да се стабилизира најпроблематичниот дел од автопатот Кичево–Охрид.
Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски и министерот за транспорт Александар Николоски извршија увид во градежните активности на автопатот Кичево–Охрид кадешто во моментов на Секција 4, интензивно се работи на стабилизација на косини.
Во денешната изјава за медиуми заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, зборуваше за градежните активности на најсложениот дел од автопатот кај Ботун, како и за техничкото решение со кое се стабилизира нестабилното земјиште.