СДСМ преку соопштение го критикува начинот на кој Владата се справува со проблемите со квалитетот на водата за пиење, посочувајќи дека истиот ден кога беше соопштено оти водата во Гостивар е безбедна за пиење, од Демир Капија стигнало предупредување за неисправност на водата.
Соопштение за јавност на СДСМ: Владата треба веднаш јавно да го објави целосниот извештај и анализите за водата во Гостивар. Несериозно и неодговорно е, по сè што се случуваше во Гостивар, од граѓаните повторно да се бара да веруваат само на изјави.
Најмалку двапати ја прогласиле загадената вода во Гостивар за безбедна – еден месец подоцна никој од здравствениот синџир не е ни разрешен, велат од Левица. „На 29 јуни од Центарот за јавно здравје Тетово, со потпис на потпис на Берун Мустафа, излегува стручно мислење дека ...