Жена од Русија добила парична казна откако фотографија од мечка, која ја создала со помош на ChatGPT за да се пошегува со пријателка, предизвикала паника меѓу жителите и потрага на надлежните служби по животно кое воопшто не постоело.
Шега со вештачка интелигенција завршила со вистинска полициска потрага и парична казна во Русија. Жена од населбата Магдагачи, во Амурската област, создала фотографија од голема кафеава мечка што наводно шета по локална улица.