Black Coffee е светски познат јужноафрикански диџеј, музички продуцент и автор, еден од највлијателните артисти во современата електронска музика. Неговото вистинско име е Нкосинати Инокент Мафумуло (Nkosinathi Innocent Maphumulo).
Првиот албум го снимил на евтин музички софтвер, без практично никаква опрема, левата рака му е парализирана од удар од автомобил - сепак денес важи за еден од најпознатите диџеи во светот кој може да се пофали и со Греми награда.