Во Гостивар недистигаа еден грст гласачи за изборите во неделата да бидат успешни и кандидатот на коалицијата околу ДУИ, Валбон Лимани, да ја прослави убедливата победа во првиот круг од локалните избори.
Државната изборна комисија вечерва на седница соопшти дека во четири општини (Гостивар, Центар Жупа, Маврово-Ростуше и во Врапчиште) ќе се одржи прегласување затоа што не е исполнет цензусот на излезност.
Во четири општини каде што не се исполнети законските услови за излезност од законскиот минимум од една третина од запишаните избирачи на ниво на општина, ќе се повтори целиот прв изборен круг и тоа во рок од 60 дена од денот на објавувањето на ...
Според податоците на ДИК, до 17 часот, најмала излезеност има во Центар Жупа со 19,15 проценти, Врапчиште со 20,94 отсто, Маврово-Ростуше со 25,89 проценти, Гостивар 28,02 проценти Според податоците на Државната изборна комисија за излезеноста на ...