Аргентина вечерва преку пенал рулетот ја порази Холандија со што стана вториот полуфиналист на светското фудбалско првенство во Катар. По продолженијата, со изведување на пенали Аргентинците славеа над Холандија.
Аргентина со Лионел Меси обезбеди полуфинале на СП во Катар, второ за нив на трите последни Мундијали и дојде до своето петто во историјата откако се смени форматот на мечеви со класична нокаут рунда од 1986 година.
ХРВАТСКА во полуфиналето на Мундијалот ќе игра против Аргентина која со подобар удар од белата точка ја елиминира Холандија. Хрватска и Аргентина ќе играат за финалето во вторник од 20 часот.
Златан Ибрахимовиќ откри за која селекција ќе навива до крајот на Мундијалот. „Сакам Аргентина да го освои пехарот поради Лионел Меси“, изјави напаѓачот на Милан. Јужноамериканците сега се во четврт-финалето, каде в петок навечер се соочуваат со ...