Истражувањата на археолошкиот локалитет „Пенелопа – Охридати“ , кој се наоѓа на просторот на поранешните бараки на „Трудбеник“ во близина на каналот Студенчишта во Охрид откриваат траги од доцнонеолитска населба стара околу 7.000 години.
Археолошкиот музеј на Македонија и Заводот и музеј, Охрид денеска организираат настан на Археолошкиот локалитет „Пенелопа“, кој се наоѓа на просторот на поранешните бараки на „Трудбеник“, во близина на каналот Студенчишта во Охрид.