Македонскиот шампион Вардар попладнево ќе го игра вториот натпревар во Конференциската лига. Откако вардарци беа елиминирани од Лигата на шампионите, тие продолжија во третото по ранг европско клупско натпреварување.
Фудбалерите на Вардар утре ќе го одиграат реваншот против Рига во рамките на второто квалификациско коло, со јасна цел да ја анулираат негативата од 3:2 од првиот натпревар во Скопје и да обезбедат пласман во следната рунда.
Екипата на Вардар пред една недела во Скопје не успеа да ги искористи своите шанси, направи грешки во одбраната и за тоа ја плати цената во првиот меч од второто квалификациско коло од Лигата на Конференции против тимот на Рига.
Експедицијата на Вардар веќе е во Рига, каде утре ќе го одигра реванш-мечот од второто коло на Конференциската лига. Шампионот на Македонија има негатива од еден гол од првиот меч во Скопје, а тренерот Фабијани знае што им е потребно на „црвено-црните“ за позитивен резултат.