Наглиот пад на температурите донесе зимски сцени во средината на летото. На највисокиот планински врв на Балканот, Мусала, падна слаб снег, а снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат дека повисоките делови на планината Рила целосно побелеа.
Освен на Попова Шапка, вчера, поради драстичниот пад на температурата, снег падна и на Пелистер. Информацијата ја споделија од Националниот парк Пелистер.
Необичната временска појава е забележана на врвот на планината, а фотографиите ги направија вработени во пунктот на Националната радиодифузија. „Пелистер истовремено е убав и моќен, но и непредвидлив во своите намери“, објавија од Националниот парк „Пелистер“.
Необична временска појава денеска е забележана на Шар Планина. На 24 јули, на највисоките делови над Попова Шапка падна снег, што претставува ретка глетка за овој период од годината. Информацијата ја сподели метеорологот Славчо Попоски на социјалните мрежи, истакнувајќи дека ...