Земјоделците од Струмичкиот регион со трактори и земјоделска механизација го блокираа центарот на Струмица и повторно ги испорачаа барањата за повисоки откупни цени на куротвската капија, наменета за конзервно преработувачките капацитети, објави „Дрнка.мк“.
Производителите од Струмичко продолжуваат со блокадата и бараат повисока откупна цена за првата класа ајварка. Тие велат дека сегашните услови не ги покриваат трошоците за производство и бараат конкретно решение од институциите и откупувачите.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски денеска во Струмица одржа одделни средби со регистрирани откупувачи и со производители на пиперка, на кои се разговараше за тековниот откуп и предизвиците со кои се соочуваат двете страни.