Десетото коло во Прва фудбалска лига на Македонија ќе се комплетира попладнево со дуелот кој ќе се игра во Гостивар меѓу Арсими и Тиквеш. Пред неполни три месеци, во првото коло сезонава, кавадарчани на свој терен со убедливи 5:1 го победија Арсими.
Денеска со мечот Арсими – Тиквеш, почеток од 14 часот, се затвора 10.коло во тековната сезона во ПМФЛ. Секако дека ќе биде и тоа како интересно, ако се знае дека и двете екипи си имаат свои амбиции. Домашниот состав сака со победа да побегне од опасната зона, додека Тиквеш сака ...