Се очекува итната медицинска помош во Скопје да прерасне во самостоен центар, да добие 100 нови возила и систем за консултации со специјалисти во реално време. Паралелно, пациентите ќе можат и да ги следат листите за чекање за операции и да одлучуваат за пристапот до своите ...
Во моментот кога ќе бидат усвоени новите законски измени и дигиталниот систем ќе биде целосно подготвен, јас лично ќе бидам првиот граѓанин во државата кој ќе го пополни формуларот кај матичниот лекар за донирање органи по смртта.
Министерот за здравство, Азир Алиу, во продолжение на интервјуто за „Ноќно студио“ на „4ТВ“ се осврна на горливите проблеми со приватните специјализанти, дефицитот на стручен кадар како цитолозите и административните кочници кои ги заглавуваат капиталните проекти во здравството.