Директорот на Центарот за управување со кризи најави дека наскоро граѓаните ќе можат да ја користат новата апликација „Where Are You“, која ќе овозможи побрза и попрецизна комуникација со службите за итни случаи преку системот 112.
Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамет Али, денеска учествува на Регионалната конференција во Тиват, посветена на системите 112 и имплементацијата на модерни технологии за управување со кризни ситуации.
Наскоро граѓаните ќе можат да испраќаат точна локација, фотографии и видео снимки до службата за итни повици 112. Ќе биде достапна и функцијата „Silent Call“, која ќе им овозможи на жртвите на семејно насилство и на лицата кои се наоѓаат во опасност тивко и безбедно да побараат ...