Варшава ја забрзува изградбата на масивниот „Источен штит“ долж границата со Калининград и Белорусија. Полска започна со интензивно поставување на масивни челични и бетонски противтенковски препреки, познати како ежови, долж границата со руската ексклава Калининград.
Полска досега издвои приближно 10 милијарди евра за активности поврзани со обезбедување на источната граница, изјави полскиот министер за национална одбрана Владислав Косињак-Камиш, сумирајќи ги двете години од програмата „Источен штит“.
Полска вклучува војници од сè повеќе земји членки на НАТО во зајакнувањето на источната граница, а американски, британски и француски војници ќе помогнат во изградбата на одбранбени позиции долж границите со Русија и со Белорусија, објави „Френс 24“.
Полска гради одбранбен систем против Русија долж своите северни и источни граници. Бундесверот ѝ помага на својата сојузничка од НАТО во овој потфат; германски борбени инженери се распоредени таму уште од јуни.