Секој изминат месец имаше нови поскапувања, велат од СДСМ. „Од почетокот на годината трошоците за живот се зголемени за 4.000 денари. Октомвриската синдикална минимална кошничка надминува 70.000 денари, а со кирија достигнува речиси 90.000 денари.
Нови поскапувања, плати што не ги следат трошоците и одбиени мерки за помош на граѓаните. Опозицискиот СДСМ со нови обвинувања кон власта. Според партијата, најавените покачувања на струјата и парното дополнително ќе ги оптоварат семејните буџети.
Со Христијан Мицкоски државата ќе остане без нација, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервју на Аласат ТВ. Филипче укажа дека Македонија се соочува со сериозни економски проблеми, ниски плати и сè поголем број граѓани кои бараат подобра иднина надвор од ...