Иако секогаш е средена и покриена од глава до пети, се појавија фотки од Викторија Бекам во бикини на нивната милионска јахта – го покажа навежбаното тело, исто како и нејзиниот згоден сопруг Дејвид, додека уживаат на одмор низ Франција со синот Ромео и неговата девојка.
Бруклин Бекам и Никола Пелц ги обновија своите брачни завети пред една година, а сега ја слават годишнината од тој животен момент. Бруклин објави фотографија со сопругата на својот Инстаграм, а објавата беше придружена со емотивна порака.
Дали ова е уште еден удар за семејството Бекам? Додека со месеци се шпекулира за нарушените односи и наводните несогласувања што го потресуваат едно од најпознатите семејства во светот, Бруклин Бекам покажа дека во неговиот приватен живот има многу причини за славење.