Во Собранието денеска напладне ќе биде врачена државната награда „11 Октомври“ за 2026. – највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Северна Македонија.
Еден од најчитаните македонски писатели Венко Андоновски е добитник на државната награда „11 Октомври“ за животно дело во областа на културата и уметноста. Наградата ќе му биде врачена денес на свеченост во македонското Собрание.