СДСМ го обвини министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски дека води разговори за европската иднина на Македонија без јавноста да знае што се преговара, а истовремено бара опозицијата безрезервно да ја поддржува Владата и да не ја критикува надворешната политика.
„Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски јавно призна дека води разговори за судбината на земјата, но дека тие се тајни. Не постои нормална земја во која министер за надворешни работи кажува дека разговорите за иднината на државата се тајна за нејзините граѓани.
Во фокусот на интервјуто е прашањето за односите со Бугарија. Муцунски открива дека од формирањето на Владата континуирано се работи под радар на изнаоѓање решение што би го отворило патот за почеток на преговорите со Европската Унија.
iNFOMAX - Колегиум - Во Центар - Либертас - Пулс24 - Национално
Министерот вели дека земјата има јасни црвени линии и позиции и прашања за кои што не е подготвена да преговара Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски обелодени дека Владата работи на трајно и одржливо решение за одблокирање на евроинтеграциите, но ...
Потребен е политички консензус за националните прашања, но опозицијата мора да се соочи со реалноста дека токму нејзините грешки и попустливост од минатото нè доведоа во оваа незавидна позиција, истакна министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски во интервју за МИА.