И покрај тоа што беше одржана посебна прес-конференција, државните институции не ги објавија резултатите од анализите на водата во Гостивар, иако тие веќе се доставени до Јавното обвинителство. Во меѓувреме, бројот на граѓани кои побарале здравствена помош поради гастроентеритис ...
Според графичкиот приказ од министерството, може да се види дека во текот на вчерашниот ден се регистрирани вкупно 564 новопрегледани пациенти кои за првпат побарале лекарска помош, што е забележителен пад во споредба со претходниот ден, кога биле евидентирани 649 лица – бројка ...
Министерството за здравство сè уште не ги објави резултатите за причината на епидемијата во Гостивар. Министерот Сашо Клековски рече дека не може да даде информации без да биде дадена дозвола од Јавното обвинителство.
Извештајот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за анализите на водата во Гостивар, според неофицијални информации што ги објави порталот „Курир“ , покажува дека во два од четирите испитани примероци е утврдено присуство на фекални колиформни бактерии, додека во еден примерок ...
Симптомите кај пациентите во Гостивар и понатаму се исти: повраќање, болки во стомакот и дијареја. АНКЕТА: „Повраќање, ме боли стомакот, нормално. Не знаеме дали е од водата или е некој вирус. Ова трае веќе три-четири дена. Завчера дојдов, примив инфузија, а денес повторно.
Директорката на Институтот за јавно здравје вели и оти е важно да се најде причинителот, но и дека многу поважно е да се лоцира одговорноста, а кога ќе добијат можност како институција, резултатите ќе бидат објавени јавно Комплетните анализи за водата во Гостиварско се завршени ...
Владата од денеска започна со дневна испорака на 50.000 литри вода за пиење за жителите на Гостивар, каде е прогласена локална епидемија поради зголемениот број граѓани со стомачни тегоби. Во меѓувреме, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) ги заврши анализите на водата, кои во ...
Стручно мислење од ЈЗУ Центар за јавно здравје Тетово, изработен на 29 јуни годинава, покажало дека „водата одговара на законските и стручни прописи во однос на испитаните параметри за бактериолошка и физичко-хемиска анализа“.
Во Гостивар се очекуваат резултатите од анализите на надлежните институции кои треба да ја утврдат причината за појавата на зголемен број лица со стомачни тегоби. Од синоќа преку владините служби започна дистрибуција на вода за пиење, а во акцијата се вклучија и поединци и ...
По зголемувањето на бројот на граѓани кои побараа медицинска помош и по прогласувањето на епидемијата во Гостивар од „Вреди“ велат дека со загриженост ја следат состојбата во овој град. „Во овие моменти, најважно е да се заштити здравјето на граѓаните, да се обезбеди безбедна ...
Гостивар од петокот е во фокусот на јавноста откако беше обелоденето дека голем број граѓани со стомачни тегоби побарале лекарска помош. Оттогаш бројот на пациенти расте поради што вчера епидемиолозите прогласија епидемија во овој град.
Проверено - Нова Македонија - ПРВ.мк - Национално - Пулс24 - Скопје инфо
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) упати итен апел и насоки до жителите на Гостивар за користење на водата и превенција од заболувања кои се пренесуваат преку вода, откако е воведена забрана за нејзино користење од градскиот водовод.
Дел од граѓаните во Гостивар одбиваат да комуницираат со здравствените екипи што спроведуваат епидемиолошки анкети по масовната појава на стомачни тегоби, соопшти доктор Драган Кочински, раководител на Одделот за епидемиологија на заразни заболувања при Институтот за јавно ...
Основното јавно обвинителство Гостивар е во постојана координација со Институтот за јавно здравје, каде по наредба на јавен обвинител се вршат анализи и испитувања на квалитетот на примероците од водата од гостиварскиот водовод, а резултатите се очекува да бидат готови утре за ...
Макфакс - Нова Македонија - Во Центар - Либертас - Фактор - 24Инфо
Министерството за здравство соопшти дека надлежните здравствени институции продолжуваат со интензивно следење и истражување на зголемениот број лица со симптоми на гастроентероколит на подрачјето на Гостивар. Според податоците, во периодот од 18 јули во 08:00 часот до 19 јули во ...