Доколку некој мислеше дека Светското првенство 2026 година ќе биде резервирано исклучиво за голови, навивачка еуфорија и бескрајни расправи за судиските одлуки, време е за мала корекција. Мундијалот пристигна и во модните ормари.
Додека милиони навивачи ширум светот со нетрпение го очекуваа првиот свиреж на Светското првенство 2026, една жена успеа да го сврти вниманието од фудбалот и да ја претвори церемонијата на отворање во свој моден момент.