TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ЗАГИНАА 15 БЕБИЊА ВО ПОЖАР ВО ПАКИСТАНСКА БОЛНИЦА

Економија и Бизнис - пред: 1 час

Најмалку 15 бебиња загинаа во пожар што избувна во болница во Исламабад, објави локалната телевизија. Пожарот избувна во болницата на Пакистанскиот институт за медицински науки (PIMS), а според Geo TV, тој бил предизвикан од дефект во системите за климатизација.

Трагедија во Пакистан: Најмалку 15 новороденчиња загинаа во пожар во болница

Независен - пред: 41 мин

Најмалку 15 новороденчиња загинаа во пожар во акушерско одделение во главниот град на Пакистан, Исламабад, соопштија локалните спасувачки служби за ДПА. Пожарот веројатно бил предизвикан од дефект на уред за климатизација во раните утрински часови, соопштија официјални лица.

ВИДЕО: 15 бебиња загинаа во пожар во болница во Пакистан

Колегиум - пред: 26 мин

Најмалку 15 новороденчиња загинаа во пожар што избувна во државна болница во Исламабад, главниот град на Пакистан. Локалниот радиодифузер Geo TV објави дека несреќата е предизвикана од дефект во системот за климатизација, пренесува Ројтерс.

Трагедија во болница во Пакистан: Најмалку 15 новороденчиња загинаа во пожар

Трн - пред: 43 мин

Пожарот избувнал во одделението за мајки и деца во болницата PIMS во Исламабад, а како можна причина се наведува дефект на системот за климатизација. Најмалку 15 новороденчиња загинаа во пожар што избувна во болница во Исламабад, главниот град на Пакистан.