Колку вода навистина му е потребна на организмот? Иако често се слуша советот дека секој човек треба да пие по осум чаши вода дневно , науката покажува дека потребите не се исти кај сите, пишува „Би-би-си саенс фокус“ .
Фреквенцијата на мокрење е индивидуална, но навиките можат да бидат и показател за општото здравје. На тоа колку често одиме во тоалет влијаат различни фактори, од видот на пијалаци што ги консумираме до возраста и полот.