TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

На денешен ден Атина Бојаџи го преплива Ла Манш и испиша историја

Трн - пред: 7 часа

Препливувањето на Бојаџи Ла Манш во 1969 годин станал и инспирација за југословенскиот филм „Исправи се, Делфина“ На 9 септември 1969 година, македонската маратонска пливачка Атина Бојаџи го оствари најголемиот подвиг во својата кариера – го преплива каналот Ла Манш, еден од ...

Атина Бојаџи го испиша вториот македонски 9 септември во Ла Манш

Рацин - пред: 4 часа

Атина Бојаџи на 9 септември 1969 година, на 25 годишна возраст, тргна од францускиот брег и по 13 часа и 20 минути стигна во Англија, со што стана првата Македонка и првата жена од тогашна Југославија што го препливала Ла Манш.

На денешен ден Нико Нестор стана првиот Македонец што го преплива Ла Манш

Скопје инфо - пред: 8 часа

На 9 септември 1959 година, Нико Нестор од Струга го препливал каналот Ла Манш и стана првиот Македонец и првиот пливач од тогашна Југославија што го совладал морскиот пат меѓу Франција и Велика Британија. Неговото пливање траело 12 часа и 6 минути.

На денешен ден е испишана историја: Нико Нестор и Атина Бојаџи го препливаа Ла Манш

Екран - пред: 18 часа

9 септември е запишан со златни букви во историјата на македонското маратонско пливање. На овој датум, во период од десет години, Нико Нестор и Атина Бојаџи ги оствариле своите историски подвизи со препливување на каналот Ла Манш.

Истиот датум, истиот Ла Манш: Нико Нестор и Атина Бојаџи испишаа македонска историја со десет години разлика

Паноптикум - пред: 12 часа

Некои датуми во историјата се паметат по еден голем настан. Деветти септември во македонскиот спорт носи два. Меѓу нив има точно десет години, ист студен морски канал и две имиња што засекогаш останаа запишани во историјата на маратонското пливање.